НЕКОГАШ ОЛ-СТАР, СЕГА „ПРЕДМЕТ НА РАЗМЕНИ"

Супермен лета кон Бруклин

Како што пренесува ЕСПН, центарот на Шарлот, Двајт Хауард ќе биде трејдуван во Бруклин Нетс, додека во спротивната насока ќе бидат испратени рускиот кошаркар Тимофеј Мозгов и два пика од втората рунда на некој од идните драфт-избори...

објавено: 20 јуни 2018 - 19:40

Со овој потег, Нетс ќе сочуваат дури 17.милиони долари во „селари-капот", што ќе им овозможи две „слободни места", и на кои ќе можат да ангажираат играчи под максимални договори.

Минатата сезона Хауард во просек бележеше по 16.6 поени, заедно со 12. 5 скока, 1.6 блокади и 1.4 асистенции.
Пред шест години, силниот центар, попознат како „Супермен" сакаше да биде разменет кај Нетс, но ќе го направи ова лето, наместо незадоволниот Мозгов, чиј договор од 33.7 милиони долари спаѓа во редот на еден од најлошите по клубот од Бруклин.
Во својата кариера во која имаше и успони, но и големи падови, Хауард играше за Орландо, ЛА Лејкерс, Хјустон и Атланта.

Осум пати беше учесник на Ол-стар мечевите, пет пати биран во првиот тим на сезоната во НБА лигата, а три пати беше и најдобриот дефанзивец во НБА лигата

 

Најново во Кошарка