ДАЛИ Е ОВА Е НАЈСИЛНИОТ „ДРИМ ТИМ“

Страв и трепет: Американците го објавија списокот за СП и за ОИ

Повеќе од јасно е дека репрезентацијата на САД е главен фаворит на Светското првенство следната година во Кина, како и Олимписките игри за две години во Токио.

објавено: 7 април 2018 - 12:50

Американците веќе го години доминираат на овие натпреварувања, а поширокиот список кој го објави селекторот Грег Попович за Мундијалот и Олимпијадата доволно говори дека и натаму сакаат да останат на тронот.

Кошаркарската федерација на САД го објави поширокиот список на играчи на кои Поповиќ ќе смета, а на него се најдоа дури 35 имиња. Искусниот стратег планира да тестира многу кошаркари пред финалниот список, кој ќе биде познат следната година.

Секако репрезентацијата на Америка ќе ја предводат НБА-ѕвездите како Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Стеф Кари, Расел Вестбрук, Клеј Томпсон, Крис Пол, Ентони Дејвис, Виктор Оладипо, Џејмс Харден, Кајл Ловри, Кевин Лав, Кајри Ирвинг, ДеАндре Џордан, Блејк Грифин, Ерик Гордон, Пол Џорџ, ДеМар ДеРозан, ДеМаркус Казинс, Џими Батлер, Кемба Вокер, Дрејмонд Грин....

Најново во Кошарка