НБА ЛИГА

Спарс преку две продолженија до победа над Оклахома

Сан Антонио се измачи за да ја победи Оклахома, а победи забележаа и Мајами, Денвер и Сакраменто

објавено: 11 јануари 2019 - 08:30

Сан Антонио на свој паркет ја совлада Оклахома со 154:147 и така ја запиша 25. победа сезонава.Спарс стекнаа убава предност во првата четвртина во која имаа 10 поени предност, а го чуваа водтсвото до последната четвртина која ја одиграа слабо и му дозволија на противникот да се врати во мечот поради што се играа продолженија.

Пред последните 12 минути Сан Антонио имаше 12 поени предност, но потоа имаше лош ефект па противникот изедначи на 114:114. Сепак, кога изгледаше дека домаќинот ќе стигне до тесна победа, Џереми Грант на пет секунди до крајот погоди за изедначување и продолжение (130:130).
Дерозан на помалку од секунда до крајот на првото продолжение промаши шанса на својот тим да му донесе победа, па резултатот остана изедначен 141:141.
Во завршните минути од второто продолжение Спарс драстично се одвоија, а противникот овојпат не можеше да врати.

Да кажеме дека Спарс добро шутираа тројки затоа што погодија 16 од 19 шутеви, или 14 по ред, а единственото промашување за три поени пред продолжението имаше Дерик Вајт. Марко Белинели имаше пет од пет за три поени, а Дејвис Бертенс четири од четири.
А најефикасен во победничкиот тим беше Ламаркус Олдриџ со 56 поени, заедно со девет скокови и четири асистенции. Дерик Вајт додаде 23 поени, Белинели 19, Дерозан дуелот го заврши со дабл-дабл, 16 поени и 11 асистенции.
Кај Оклахома најефикасен беше Пол Џорџ со 30 поени, а и Џереми Грант оствари дабл-дабл со 25 поени и 12 скокови, а Расел Вестбрук повторно забележа трипл-дабл со 24 поени, 13 скокови и 24 асистенции.

ЈОКИЌ ДО ПЕТТИОТ ТРИПЛ-ДАБЛ СЕЗОНАВА
Денвер Нагетс ги победија Л.А. Клиперс со 121:100 и така дојдоа до 28 победа во сезоната (скор 28/12). А Клиперс го запишаа 17. пораз. Никола Јокиќ имаше уште една фантастична партија во дресот на Нагетс и забележа уште еден трипл-дабл со 18 поени, 14 скокови и 10 асистенции.

За Јокиќ тоа беше петти трипл-дабл сезонава, а 21. во кариерата и го изедначи рекордот кој меѓу центрите сега заедно го држи со Карим Абдул Џабар, а пред него е само Вилт Чемберлен. Во екипата на Денвер најефикасен беше Џамал Мареј со 23 поени, рековме Јокиќ уфрли 18, Мејсон Пламли 17... На другата страна најефикасен беше Лу Вилијамс со 19 поени.

РЕЗУЛТАТИ

МАЈАМИ - БОСТОН    115:99
ДЕНВЕР - Л.А. КЛИПЕРС    121:100
САН АНТОНИО - ОКЛАХОМА    154:147
САКРАМЕНТО - ДЕТРОИТ    112:102

 

Најново во Кошарка