ПРИЗНАНИЕ НА СТИВ КЕР

„Сопругата на Поп беше лута кога ме трејдуваше"

Сан Антонио го загуби и третиот меч во серијата со Голден Стејт, а тренерскиот предводник на Вориорс се потсети на некои убави моменти од кариерата во која беше и дел од Спарс.

објавено: 20 април 2018 - 16:30

Многу играчи и тренери во НБА лигата изразија сочувство на големиот Грег Попович поради загубата на неговата сопруга Ерин. А посебна прилика за да одржи еден говор во кој може да го изрази своето сочувство доби и Стив Кер.

Сега предводник на Голден Стејт, во минатото и играч на Сан Антонио, токму под раководната палка на Попович.

„Ерин беше баланс кој му беше потребен на Поп. Се сеќавам кога ме трејдуваше во Портланд во 2011 година. Кога ме повика и ми кажа, мислам дека не смеам да се вратам дома. Ерин ќе биде многу лута затоа што те трејдував"- рече Кер при посетата на Сан Антонио поврзана со одигрувањето на третиот меч од плеј-оф серијата.

Еторе Месина го замени Грег Попович на овој дуел. Но Спарс не успеаја во обидот да дојдат до првиот триумф во серијата, па сега, после овие 0-3, им се заканува елиминација.

„Тешко ми беше воопшто да мислам на мечот. За мене лично, постојан работи кои се многу поголеми од кошарката" - чувствително кажа Тони Паркер, секако поврзано со загубата која ја претрпе неговиот долгогодишен тренер во Сан Антонио.

 

Најново во Кошарка