СУПЕРКЛАСИКО, КОИ СЕ ОПЦИИТЕ

Што правиме сега, каде, кога, како? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Некаде ќе мора да се игра...

објавено: 26 ноември 2018 - 09:00

Суперкласико ја разочара целата фудбалска планета. Ако пред две недели вистински уживавме во спектакуларен меч на „Бомбоњера", овој неодиграниот на „Монументал" во целост расипа се што го опкружуваше најголемиот дуел во историјата на најголемото дерби на светот.

Аргентинците уште еднаш паднаа на испитот. Државата и полицијата се покажаа како немоќни пред хулиганите. Насилниците го расипаа доживувањето, во цел свет кој со нетрпение очекуваше нов спектакл, празник на фудбалот на „Монументал".
Реваншот прво беше одложуван за некој, па за неколку часови, потоа цел еден ден, па сега и на неодредено време... Во една таква атмосфера, реално не можеше ниту да се игра.
Но некогаш ќе мора да се одигра, и тоа што е можно побрзо, за да се дознае претставникот на Јужна Америка на СП за клубови кое стартува на 18.декември во Абу Даби.

Јужноамериканската федерација КОНМЕБОЛ нерадо се согласи мечот да се одложи до засега непознат термин. Во наредните денови на состанок во парагвајскиот Асунсион ќе отпатуваат претседателите на двата клуба Ангеличи и Донорфио. Таму ќе падне одлуката за терминот на одигрување.
Бока веќе и официјално испрати жалба, Ривер Плата да се казни како дел од осветата за прекинатото осминафинале во 2015 година.

Тогаш хулиганите на Бока ја пресекоа мрежата кај тунелот и уфрлија солзавец кај гостинските фудблери на полувремето. Мечот никогаш не беше завршен Бока беше исфрлена, а Ривер со службен резултат отиде понатаму, подоцна и до трофејот. Токму Ангеличи во Асунсион ќе заговара суспензија и победа на својот тим со службен резултат. Но скоро е извесно дека од тоа нема да има ништо. Ривер Плата најверојатно ќе биде казнета парично.

Состанокот во Асунсион ќе се одржи во вторник, затоа што мора да се реагира многу брзо поради Светското клупско првенство кое го чека шампионот на Јужна Америка. Сигурно е дека реваншот на „Монументал" нема да биде одигран во следната недела, затоа што предност во Буенос Аирес има Г-20 самитот на најмоќните држави на светот на кој ќе бидат Трамп, Путин,Меркел и останатите.

Самитот ќе трае до 1.декември, а градските челници веќе дадоа препорака до жителите на Буенос Аирес да го напуштат градот поради турканиците кои ќе ги предизвикаат огромните мерки на обезбедување. Дури и државата Аргентина прогласи празник во петок како луѓето би добиле продолжен викенд и да заминат надвор од градот.
Значи, како термини остануваат оние од 3. до 9.декември. Малку е веројатно дека ќе се игра во среда, на 5. декември, затоа што тоа би значело ноќен термин, а полицијата, по секоја цена, сака да се игра во некој дневен. Поради тоа е и прекршено правилото на Копа Либертадорес, финалето да се игра во работни денови во ноќни термини, па натпреварите се префрлени за овој и оној пред минатиот викенд.

Во тој случај, остануваат 8. и 9. декември како единствени можни датуми. Значи за две недели. Медиумите повикуваат тоа да биде сабота, 8.декември кога е католичкиот празник Света дева Гвадалупе, со иронична забелешка дека и „Бог би требало малку да го погледне Суперкласико и да помогне".
Се шпекулираше дека овој меч би можел да се одигра и во Абу Даби, пред почетокот на СП за клубови и првакот веднаш да се вклучи во натпреварувањето. Но од тоа нема да има ништо.

Најверојатното сценарио е дека Суперкласико ќе се игра на 8.декември во дневен термин (вечерен во Европа) на „Монументал", пред полни трибини.

Најново во Меѓународен Фудбал