ИМА И НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ ЗА СЛОВЕНЕЧКАТА СЕНЗАЦИЈА

СЕР ЧАРЛС НЕ ВЕРУВА ВО СТРАНСКА КОНКУРЕНЦИЈА: Дончиќ е МВП со 18 години, со таква ср*ње конкуренција и тоа е можно!

Во пресрет на НБА драфтот во Бруклин, легендарниот НБА кошаркар, Чарлс Баркли ги коментираше неверојатните успеси на Лука Дончиќ, со не баш идеални, односно очекувани толкувања...

објавено: 21 јуни 2018 - 18:30

Некогашниот крилен центар на Феникс, Филаделфија и Хјустон,не е убеден во големиот потенцијал на Словенецот без оглед на тоа што тренерите, скаутите ширум НБА лигата имаа(т) само пофални зборови за талентираниот кошаркар на Реал Мадрид .
Гостувајќи на еден „подкаст" кај некогашниот играч на Сакраменто Кинг, Скот Полард, Баркли изјави дека не верува во „странската конкуренција".

"Не верувам баш во неговите ривали. Немам ништо против странските играчи, но, ако некој со 18.години е МВП тогаш морам да заклучам дека таа конкуренција е ср*ње. Никој со 18 години не би смеел да доминира над возрасни мажи. Не ми е грижа колку тие возрасни луѓе можат да бидат лоши"- рече можеби и најголемиот „дрдорко" во историјата на НБА лигата.

За него има само еден млад човек за кого сите кажале дека е „вистинската работа“...

„Ако ја погледнете историјата на НБА лигата ќе видите дека постоел само еден 18. годишен човек за кого сите знаеја дека е 'вистинска работа'. Тоа беше Леброн Џејмс. Се заборава и тоа дека во својата прва сезона Коби Брајант се мачеше. Дека Кевин Гарнет исто така, се мачеше во првите години. Тоа што Дончиќ доминирал не значи дека би го земал од првото или второто место на драфтот"- заклучува еден од најдобрите скокачи во НБА лигата на сите времиња.

Најново во Кошарка