ЛЕБРОН ЏЕЈМС НЕ ЗАСТАНУВА, УРНА УШТЕ ЕДЕН РЕКОРД

Секогаш ќе се сетам на Акрон и колку е тешко да се стигне до овде!

На дуелот против Портланд, Леброн Џејмс го престигна легендарниот Вилт Чембрлен на вечната листа на поентери во НБА лигата. Асот на Лејкерс рече дека вакви остварувања секогаш го враќаат во родниот град Акрон во Охајо.

објавено: 15 ноември 2018 - 11:00

Со оние 44 поени кои им ги даде на Блејзерс, Леброн Џејмс сега има 31.425 поени, или шест повеќе во однос на Чембрлен.

„Кога можам да го работам она што го сакам на ова ниво и кога го стигнав Вилт кој е најголемиот кошаркар некогаш, тоа ме враќа во мојот роден град Акрон. Ме враќа таму од каде што сум и ме враќа на тоа колку тешпко беше таму, и ме враќа на тоа дека никогаш не смееш да бидеш задоволен. Му благодарам на Бог кој ми ја даде оваа можност и благодарен сум им на тренерите, на соиграчите во сите овие години"- кажа Леброн после дуелот со Портланд.

Го искоментира и четвртиот по ред триумф на Лејкерс, кои и немаа баш силен старт во оваа сезона.

„Ова е за мене процес и сме се подобри во него. Од септември, низ октомври и сега во номеври, сме се подобри и подобри за овие први два и пол месеци. Верувавме во замислите на тренерот. Не баравме никакви изговори, добро скокавме, и не губевме топки. Тоа е важно" – смета "кралот".

Следниот меч Лејкерс го играат против Орландо, во сабота навечер.

Најново во Кошарка