ГОЛДЕН СТЕЈТ НЕ ЛИЧИ НА ШАМПИОН, БАРЕМ ЗАСЕГА...

СЕ ВРАТИ И КАРИ АМА: Грифин и Драмонд му земаа мерка на првакот (ВИДЕО)

Тимот од Оукленд поминува низ тежок период. Во Детроит се поразени по втор пат по ред, односно деветти во сезоната, (120:111).

објавено: 2 декември 2018 - 08:45

Освен во првата четвртина, Пистонс доминираше во остатокот од мечот. Ниту еднаш не го испуштија водството, и дојдоа до нова, 13.победа од почетокот на сезоната.
Блејк Грифин беше најефикасниот со 26.поени, шест скока и пет асистенции, но слаб шут (9/22 од игра). Андре Драмонд го следеше со 16.поени и 19.скока, а Стенли Џонсон додаде 19.
Во тимот во кој сеуште не играат Дрејмонд Грин и Демаркус Казинс, Кевин Дурент имаше 28.поени, седум асистенции и шест скока, Стеф Кари еден поен помалку, а Клеј Томпсон 21, со осум скока.
Во дуелот на две доста израмнети екипи на Истокот, Вашингтон го победи Бруклин (102:88), откако имаа одлична трета четвртина во која Визардс реализираа двоцифрено водство.
Ги предводеа Џон Вол со 30.поени, плус и девет асистенции, Бредли Бил кој имаше 22.реализации.
Во победничка серија влегува Бостон, кој го доби дерби дуелот со Минесота (118:109-, исто како и Хјустон, кој излезе лесно на крај со Чикаго Булс (121:105).
Гордон Хејворд беше одличен со 30.поени, девет скока и осум асистенции, Кајри Ирвинг даде 21, со девет додавања, додека Џејсон Тејтум финишираше со 19.поени и 9.скока.
Во редовите на Минесота најефикасен беше Дерик Роуз со 26.поени, Карл Ентони Таунс имаше 20, а Ковингтон дабл-дабл ефект од 17.поени и 10.скока.
Чикаго беше одличен противник за Хјустон да ја продолжи серијата на триумфи, а Џејмс Харден еден од творците на новиот успех на Рокетс со 30.поени. Крис Пол имаше 12.поени и 13.асистенции, Клинт Капела 18.поени и 15. скока.
Булс не се последни на Истокот што полоши од нив се Кливленд Кавалирс кои загубија, очекувано, би се рекло, од лидерот во НБА лигата, Торонто.
Репторс победија со (106:95), а до победата ги водеше Каваи Ленард со 34.поени и девет скока.
На другата страна Тристан Томпсон уфрли 18.поени заедно со 19.скока.
Торонто е на скор 20-4, Кавси се на само четири победи.
Во една револверска пресметка, Сакраменто беше за еден поен подобар од Индијана (111:110), со кошот на Вили Коли-Штајн на 16 секунди пред крајот, и стигна до половичен ефект (11-11) во НБА.

Во одлично издание беа двајцата игри кои се презиваат Богдановиќ. Богдан дојде до успех, иако Бојан беше поефикасен.
Српскиот бек постигна 20.поени, имашпе и шест асистенции и по два скока и освоени топки. Хрватскито пак застана на бројката од 27.поени (10/19 од игра) и по три скока и асистенции.
Њујорк Никс го доби трилерот против Милвоки Бакс, после продолжението беше (136:134). А јунак беше резервистот Демиен Дотсон.
На средината на последната четвртина Бакс водеа со (115:102), но домаќините не се предаваа, и со тројката на Мудиај добија екстра пет минути, (124:124).

Милвоки водеше и со (134:132) во последната од продолжението. А тогаш на сцената стапи Демиен Дотсон, кој својата одлична рола ја круниса со тројка, по која гостите не го реализираа последниот напад.
Дотсон имаше пет од пет за три поени и 21.поен, додека Јанис Адетокумпо дојде до 33. поен и 19.скока, недоволно за успех на „дивите елени" во „Медисон Сквер Гарден".

РЕЗУЛТАТИ: Њујорк – Милвоки 136:134, Детроит – Голден Стејт 111:102, Вашингтон – Бруклин 102:88, Кливленд – Торонто 95:106, Хјустон – Чикаго 121:105, Минесота – Бостон 109:118, Сакраменто – Индијана, 111:110, ВЕЧЕРВА: ЛА Лејкерс – Феникс (21.30), Шарлот – Њу Орлеанс (23.00)

Најново во Кошарка