ЛОС АНЏЕЛЕС Е ПРИМАМЛИВА ДЕСТИНАЦИЈА

СЕ ПОЈАВИ НОВ КЛУБ ВО ТРКАТА ЗА ДУРЕНТ: Не сака со Леброн, но не би се селел од Калифорнија

Кевин Дурент е се подалеку од Голден Стејт, барем така се чини во овој момент, и од лето еден до најдобрите играчи во НБА лигата би можел да има и нов клуб.

објавено: 12 декември 2018 - 08:00

Извесно е, дека со оглед на тоа дека станува „слободен агент", јасно е дека „Кеј-Ди" може да ја смени средината по истекот на оваа сезона во која веќе влезе во директен судир со ол-стар колегата Дрејмонд Грин.

Се споменува Бостон, но и Филаделфија, заминување кај Леброн во Лејкерс, тука се и помалку веројатните Никс, а најновата вест од светот на НБА е дека сега во игра влегува и ЛА Клиперс, и тоа како разумна опција, околу која постои интерес од двете страни.
Изворите велат дека Клиперс ќе имаат добра шанса да го ангажираат Дурент, пред се поради Лос Анџелес, и се она што го носи со себе „градот на ангелите", и особено што нема да имаат проблем со „селари-капот" следното лето.
Секако, ова е само една гласина, и се чини дека сепак, Вориорс би можеле да имаат предност за задржување на еден од најдобрите на светот, но после сето она што се случува во досегашниот дел од сезоната, не би чудело ако ги напушти редовите на Голден Стејт.

 

Најново во Кошарка