„САГАТА" КАВАИ ЛЕНАРД ПРОДОЛЖУВА

Се јави и Торонто – „во игра" и Демар Дерозен

Иако по завршувањето на сезоната прашањето над сите прашања беше „каде ќе оди Леброн", во вистинска сапуница се претвори случајот со ол-стар крилото на Сан Антонио Спарс...

објавено: 15 јули 2018 - 16:30

На прв поглед, се беше јасно како ден. Ленард повеќе не сака да остане во Сан Антонио и мисли само на тоа како да биде нов играч на ЛА Лејкерс.

Исто така и Лејкерси го сакаа(т) него.
Следното лето станува слободен агент, и јасно е, Спарси мораат да се решат од него што поскоро. Се наизглед делува како материјал за едне холивудски блокбастер, но...

Преговорите отидоа во ќорсокак, клубот од Тексас сака максимална наплата за својата прва ѕвезда, но Лејкерси, барем не во овој момент, не се подготвени да поднесат преголема „жртва", во која би се откажале од најталентираните свои кошаркари.
„Езерџиите" можат дури и да чекаат, една година брзо ќе помине, велат од Ел-Еј. Можеби работата може да ја поттурне и самиот играч. Но јасно е дека „мамузите" чекаат шанса да извадат нешто капитално. Затоа и се спремни со трејд, по можност со тим од истокот.
Се споменуваше Филаделфија, потоа и Бостон, а сега и Торонто.
И приказната со Репторс полека почнува да ги надминува оние почетни фази од шпекулативните.
Наводно, екипата од Канада е подготвена во замена за Каваи Ленард да ја даде својата прва ѕвезда Демар Дерозен, како и некои млади, перспективни играчи, па дури и некој пик од наредните драфт-избори.
На прв поглед делува дека Спарс се за овој трејд. И за разлика од Ленард, ѕвездата на Репторс има уште три години од договорот, па има и елементарна логика кај Грег Попович, Спарси да вложуваат во неговиот капацитет.

Најново во Кошарка