КАНАДСКИОТ ТИМ Е НАЈДОБРИОТ ВО ЛИГАТА ВО ОВОЈ МОМЕНТ

Репторс најдоа решение и за монструозниот Дурент (ВИДЕО)

Каков натпревар во Торонто, каква победа на Торонто. Во продолжение од пет минути (131:128).

објавено: 30 ноември 2018 - 08:45

Во дуелот против шампионот, Репторс покажа дека во овој момент е најдобрата екипа во НБА лигата. Макар што кај Голден Стејт сеуште го нема еден од најдобрите – Стеф Кари.
Макар што Кевин Дурент ја одигра можеби и својата најдобра игра во овој прв дел од сезоната.
Во најголем дел од натпреварот канадскиот тим беше во водство. Имаше плус од 18 поени во првиот период (32:14), како и во третиот, кога беше (79:62). Иако предводени од фантастичниот Кевин Дурент, таа негатива шампионите ја истопија, во оној завршен дел Торонто влезе со предност од шест поени, (119:113).

Но водачот на „воините" уште еднаш ја превзема на себе одговорноста. Постигна две фантастични тројки, за екстра период. Во тој дел Дурент уфрли уште четири поени, но остана бе подршка од соиграчите.

Сигурниот Паскал Сијакам даде седум во тие екстра пет минути по кои „рептилите" славеа со (131:128).
На тој начин го поништија ефектот на Кеј-Ди од 51.поен (18/31 шут од игра и 11/12 од линијата за слободни фрлања), со 11. скока и шест асистенции.
До рекордот на сезоната пак стигна Каваи Ленард на другата страна од теренот. Најдобриот играч на Торонто и еден од најдобрите во лигата реализираше 37.поени, имаше и осум скока. Го следеше Паскал Сијам со 26, а Серж Ибака со 20. поени.
Кај Голден Стејт, Клеј Томпсон имаше уште 23. поени, а Јонас Јеребко – 20.
Торонто е прв на Истокот со скор (19-4), додека Голден Стејт падна на (15-8) на Западот.
Западен лидер останува ЛА Клиперс кој го доби дербито на Калифорнија против Сакраменто (133:121).
Уште од самито почеток водечката екипа на Западот тргна силно, и брзо обезбеди високи (42:26), но до полувремето тие беа претворени во „само" (71:68). Но тоа беше се од Кингс на овој меч, иако на шест минути до крајот беа во заостануавње од достижни четири поени (108:112).
Но Херис, Харел и Галинари не дозволиај нешто повеќе од тоа.
Токму Тобијас Херис со 28.поени ги предводеше Клиперс до новиот успех. Го следеа Харел со 24, и Александер кој даде 17.поени. Галинари и Бредли имаа по 16 кај тимот од Ел-Еј.

Со тоа му ја расипаа рекордната вечер на Србинот Богдан Богдановиќ. Дојде српскиот шутер до рекордни 26. поени во НБА лигата (8/20 шут од игра), Марвин Бегли-третиот имаше дабл-дабл од 18.поени и 10 скока, слично како и Вили-Коли Штајн со еден поен помалку, а ист број на скокови.
Клиперси се први на Западот со ефект од 15.победи и 6.порази, додека Сакраменто е на 12. Место со скор (10-11).

Леброн го помина Меџик, остануваат Џордан и Чембрлен
Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја совладаа Индијана Пејсерс со резултат (104:96), а првата ѕвезда на тимот од ЛА испиша уште една страница од историјата.
Во триумфот против тимот од Индијанаполис, Џејмс постигна 38.поени со кои го надмина легендарнито Карл Мелоун на третото место на вечната листа на играчи според бројот н натпревари на кои имале 30 или повеќе поени.

 


Сега Леброн е трет со 436 такви остварувања, додека нешто понапред се само уште Вилт Чембврлен со 515 такви натпревари, и секако „неговото Величество", Мајкл Џордан со 562 мечеви на кои имал 30+.
Против Пејсерс, Леброн шутираше 15/27 од игра, 6/10 од линијата за слободни фрлања, со девет скока и седум асистенции.
Запазена улога имаа и Брендон Инграм со 14.поени, Џош Харт со 13, а Кајл Кузма и Колдвел-Поуп имаа по 11.поени.
Најефикасни во тимот на Индијана каде недостасуваше повредениот Виктор Оладипо, беа Домантас Сабонис со 20.поени и 15. скока, Бојан Богдановиќ постигна 14, а Тадеус Јанг уште 11.поени.
Индијана е на 5. место на Истокот со скор (13-9), додека Лејкерси се седми на Западот со 12.победи и 9.порази.

РЕЗУЛТАТИ:
Торонто – Голден Стејт 131:128
ЛА Лејкерс – Индијана 104:96
Сакраменто – ЛА Клиперс 133:121

 

 

Најново во Кошарка