Рекорд на Вестбрук, дабл-дабл за Јокиќ и Ленард за победа на Торонто

Бекот на Оклахома се изедначи со рекордот на Вилт Чемберлеин (1968) со девет „трипл-дабл" во серија и сега е пред промоција како единствен на кој му успеало да држи ваков ритам во НБА.

објавено: 12 февруари 2019 - 08:30

Расел Вестбрук е на чекор да стане првиот играч во НБА лигата со „трипл-дабл" учинок, откако во победата на Оклахома над Портланд (120:111) го предводеше својот тим со 21 поен, 14 скока и 11 асистенции.

Бекот се изедначи со рекордот на Вилт Чемберлеин (1968) со девет „трипл-дабл" во серија и сега е пред промоција како единствен на кој му успеало да држи ваков ритам.

Вестбрук веќе има рекорд како кошаркар кој неколку сезони во низа има ваков учинок (поточно три).

Оклахома е во одлична серија и во последните 11 натпревари има 10 победи и еден пораз.

Кавај Ленард, пак, беше херојот на Торонто, (30 поени на натпреварот), кој на 4.5 секунди до крајот на мечот постигна погодок за победа 127:125 над Бруклин.

Торонто имаше лошо отворање на натпреварот (42:16), но успеа да се стабилизира во продолжението со серија (42:34), за потоа да понудат неизвесен финиш на мечот и драма во која Ленард го имаше последниот збор.

Србинот Никола Јокиќ, пак, го запиша својот 38. „дабл-дабл" сезонава, 23 поени, 12 скока и четири асистенции за 37.минути колку што мина на паркетот во победата на Денвер над Мајами (103:87). Малик Бизли му правеше друштво со 23 поени и го предводеа тимот кон нов триумф, со кој и натаму ја чуваат втората позиција во Западната конференција.

РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Њу Јорк 107:104
Детроит – Вашингтон 121:112
Индијана – Харлот 99:90
Торонто – Бруклин 127:125
Чикаго – Милвоки 99:112
Хјустон – Далас 120:104
Минесота – Л.А. Клиперс 130:120
Оклахома – Портланд 120:111
Денвер – Мајами 130:87

Најново во Кошарка