УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ПЛУС ЗА ТОА ШТО ИМААТ„МАМУЗИТЕ" НА КЛУПАТА

„Поп" го претекна Пет Рајли, сега е на 4. место на вечната тренерска листа

Победата против Феникс беше вкупно 1.211 во кариерата за тренерот на Сан Антонио, Грег Попович...

објавено: 12 декември 2018 - 14:25

Спарс стигнаа до убедливи (111:86), проти слабите „сонца" од Аризона, а со овој триумф, Попович се искачи на четвртото место на листата на тренери со најмногу победи во историјата на НБА лигата.
Сега има 1.211 победи, со кои го претекна легендарниот Пет Рајли (сега претседател на кошаркарските операции на Мајами Хит), а пред него се уште три големи имиња.

Дон Нелсон (1.335), Лени Вилкинс (1.332) и Џери Слоун (1.221 победи).
Како тренер на Сан Антонио Спарс, популарниот „Поп" освои пет шампионски титули, а три пати беше прогласуван за тренер на годината во НБА лигата.
Во плеј-оф мечевите досега остварил 167 победи, и е трет според процентот на успешноста во историјата. Подобри бројки во доигрувањето имаат само Фил Џексон и Пет Рајли.

Најново во Кошарка