ТИМОТ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ПЛЕЈОФОТ И ТОА СЕ СМЕТА ЗА НЕУСПЕХ

Пистонс се раздели со Ван Ганди

„Клиповите“ го ослободија тренерот со кој за четири сезони немаа ниту една плејоф победа

објавено: 7 мај 2018 - 20:07

Стен Ван Ганди веќе не е тренер, ниту претседател за кошаркарски операции на Детроит пистонс. За четири сезони во клубот, искусниот Ван Ганди имаше 152 победи и 176 порази, со само едно учество во плејофот, во кое тимот беше елиминиран со 0-4. Договорот на 58-годишниот тренер му беше до 2019 година, но одлучија да се разделат. Американските медиуми најавуваат дека прв кандидат за наследник на Ван Ганди на барем една од функциите е поранешниот кошаркар Брент Бери.

Најново во Кошарка