ПОПУШТААТ ЛИ МЕНАЏЕРИТЕ ВО НБА ЛИГАТА

„Орлите" може да сметаат на Богдановиќ и Бјелица за септемврискиот „прозорец"

Тандемот на Сакраменто ќе добие дозвола да игра за селекцијата на Србија на наредните квалификациски мечеви...

објавено: 19 август 2018 - 14:15

Попуштаат ли „стегите" на некои тимови од НБА лигата кога станува збор за ослободување од обврските на дел од играчите кои имаат интербационални, односно репрезентативни обврски?

Веројатно е така, особено во случајот на менаџерскиот тим од Сакраменто Кингс.
Според најавите од соседна Србија, нивните кошаркари Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица ќе бидат ослободени од оврските кон тимот за оние септемвриски квалификациски мечеви кои треба да ги игра репрезентацијата на Србија.
„Орлите" се дел од групата „Л" во квалификациите, во која ги чекаат нималку лесни дуели со селекциите на Грција, Естонија и на Израел.

 

"Ќе бидам подготвен и тука сум. Важни се оние мечеви со Грција, но мислам дека многу поважни ќе бидат оние со Израел затоа што ќе бидат одлучувачки за понатамошен премин во следната фаза"- истакна шутерот на Кингс.

Ова е прв случај некој НБА тим да ги ослободи своите играчи за некои евро-квалификации.
Но не треба да се заборави и на српската „конекција" во овој калифорниски град. каде главната улога ја има менаџерскиот тандем Владе Дивац-Предраг Стојаковиќ.
За почеток, и ова е добро, па можеби примерот на Сакраменто Кингс ќе го следи и некој друг тим од НБА лигата...

Најново во Кошарка