ЊУЈОРК ПОТСЕТИ ДЕКА ЗНАЕ ДА ИГРА КОШАРКА

Од -22, Никси до продолженија, и до победа во Шарлот (ВИДЕО)

Многу возбудливо беше во Спектрум Центарот" во Шарлот, каде Хорнетс имаа голема предност, но после продолжението од пет минути славеше тимот од „Голеното Јаболко". (126:124).

објавено: 15 декември 2018 - 08:30

Уште по првата четвртина Хорнетс имаа предност од 17поени (33:16), а во вторито дел отидоа и на плус 22 (54:32). Меѓутоа иако на почетокот на последнито дел водеа со (98:82), му дозволиај на противникот комплетно да се врати во мечот. И преку Емануел Мудиај да се избори за продолжение (113:113), а потоа и до првата победа после низата од пет порази.
Токму Мудиај со 34 поени беше предводникот на Никс, за личен рекорд во кариерата. Коди Зелер и Николас Батум имаа по 21. Кај Шарлот.
Денвер ја совлада Оклахома (109:98), а на блњскавите партии им се врати Никола Јокиќ.
На српскиот центарт му недоатасувашпе само една асистенција да има трипл-дабл. Реализираше 24.поени, 15 скока и девет успешни додавања, за 19 победа на тимот од Колорадо и прво место на Западот.
Кај Оклахома, Пол Џорџ беше во слично издание, имаше 32.поени, Стивен Адамс уфрли 26.поени и 14.скока, додека пак Расел Вестбрук уште 13.поени, 14.скокови и осум додавања.
Сакраменто Кингс испушти можност да му го земе скалпот на првакот. Голден Стејт победи со (130:125) во дербито на Калифорнија.
На 4:23 минути пред крајот имаа водство (123:113), но до крајот на мечот дадоа само два поени!!!
Со серијата од седум поени по ред, на Дурент, уште два од Кари и тројка на Томпсон, Вориорс направија пресврт.
Со 35 поени Стеф Кари ги водеше „воините" до нов триумф. Дурент броеше до 33, а Клеј Томпсон 27.поени.
Бади Хилд со 27.поени беше најфикасниот играч на Сакраменто.
Милвоки Бакс го победија Кливленд (114:102) со сјајното издание на Јанис Адетомупо кој уфрли 44.поени и го изедначи личниот рекорд во НБА лигата.

 

 Во тимот на Кавалирс одличне Џордан Кларксон со 23.поени, додека Родни Худ имаше тир поени помалку.

Бостон Селтикс убедливо беа подобри од Атланта (129:108), во мечот кој беше решен во првата четвртина која Селтикси ја добија со (42:19). Кајри Ирвинг уфрли 24, а Џејсон Тејтум уште 22. поени.
Бруклин го совлада Вашингтон со (125:118) а свој 4.по ред триумф, во кој Спенсер Динвиди даде 27.поени, а Џо Херис уште 19.
До победа стигна сигурниот Портланд, и тоа против најдобриот тим на Истокот, Торонто (128:122). Демиен Лилард со 24.поени беше нивниот најефикасен играч, Џек Колинс даде 16, а Си-Џеј МекКалум уште 14.
Каваи Ленард со 28.поени беше најдобриот поединец кај Торонто, даде 28.поени. Но и покрај поразот, со скор (23-8) останаа први на Истокот.

РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Атланта 129:108, Шарлот – Њујорк 124:126, Бруклин – Вашингтон 125:118, Кливленд – Милвоки 102:114, Филаделфија – Индијана 101:113, Мемфис – Мајами 97:100, Денвер – Оклахома 109:98, Портланд – Торонто 128:122, Сакраменто – Голден Стејт 125:130; ВЕЧЕРВА (23.00): Орландо - Јута

Најново во Кошарка