СИМОНС, МИЧЕЛ, ИЛИ ТЕЈТУМ, СЕ БИРААТ „ПО СТАРО"

НЕМА ПОТРЕБА ЗА ТОА: НБА не ги менува правилата за избор на „дебитант на годината"

За наградата најдобар руки на сезоната во НБА лигата се борат тројца млади играчи: Бен Симонс од Филаделфија, Донован Мичел (Јута Џез) и Џејсон Тејтум од Бостонс Селтикс.

објавено: 3 јуни 2018 - 11:00

Меѓутоа многу полемика се води околу тоа признание. Најмногу поради дефиницијата која вели дека, „руки спортист е играч кој ја игра својата прва сезоа како член на некој професионален клуб".

Таа порака низ текот на сезоната доста често ја носеа играчите на Јута Џез во знак на поддршка на Мичел.
Проблемот „лежи" во Симонс кој е избран на драфтот во 2016 година, но таа сезона ја пропушти поради повреда. Според правилникот на НБА лигата, во конкуренција за наградата за најдобар „почетник" влегува сеој играч кој не одиграл ниту еден меч во лигата до таа сезоа.
Челниците на најсилната кошаркарска лига на светото немаат намера да го променат тоа.

„Нема никакви планови околу промени. Го имаме тоа правило веќе некое време, и дури и да треба да го менуваме, не можеме да го направиме тоа на средина од сезоната. Тоа е, а реално, би требало да го сочекаме барем прогласување на победникот. Сепак, немало никакви дискусии околу промени во правилата" – порача комесарот на НБА лигата, Адам Силвер за „ЕСПН".

Најново во Кошарка