ОЛ-СТАР КРИЛОТО НЕ ОСТАНУВА ВО ТЕКСАС

НЕ ПОМОГНА НИТУ „ПОП": Ленард се подалеку од Сан Антонио

Тренерот на Сан Антонио Грег Попович отпатува за Јужна Калифорнија и се состана со својата прва ѕвезда Каваи Ленард...

објавено: 20 јуни 2018 - 21:40

Како што наведува ЕСПН, Попович веќе со недели работи на состанок на кој треба да се говори за работите кои го расипаа односот помеѓу организацијата и крилниот играл до таа мерка по која Каваи и јавно побара да биде разменет.

Ленар сака трејд во Лос Анџелес, повеќе ов Лејкерс отколку во Клиперс, исто така велат новинарите од ЕСПН и наведуваат дека и понатаму стои на одлуката дека не сака да игра за Спарс. Исто така говори и за оние тимови кои би сакале да го разменат, и дека има намера, сеедно, да потпише со Лејкерс следното лето, во 2019 година, кога ќе постане неограничен слободен агент.
Двократниот член на идеалната петорка во НБА лигата, не сакаше да се состане со Попович, и намерно ја пролонгираше целата работа. И на крајот, тоа не беше состанок „очи во очи", затоа што Ленард имал своја придружба.
Меѓу работите кои му сметаа(т) на Каваи е начинот на кој Спарси се однесуваа спрема неговата повреда (на квадрицепсот) поради која одигра само девет натпревари минатата сезона. И дека смета дека Попович и Тони Паркер не му дале доволна подршка.
За Спарс е приоритет да го поправат тој односм тоа им е кажано и на тимоите кои саката да направат трејд, иако на тие клубови им е решено да испратат понуди, доколку сакаат.

Најново во Кошарка