ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕГ

На НБА меч за само четири долари

Синоќешниот дуел меѓу Кливленд и Њу Јорк, можеше да се гледа во живо за само четири долари.

објавено: 12 февруари 2019 - 20:00

Меч од НБА лигата може да се гледа во живо за само четири долари.

Барем толку чинеа билетите за синоќешниот дуел меѓу Кливленд и Њу Јорк, на кој домаќинот славеше со 107:104.

Причината за ваквата цена на билетите е што по заминувањето на Леброн Џејмс, Кливленд комплетно се распадна и сезонава имаат очајни резултати, односно 12 победи.

Интересот и побарувачката за билети за нивните натпревари е исклучително лоша, а дури ни атрактивната цена не е гаранција дека салата ќе биде исполнета.

 

Најново во Кошарка