ФАНОВИТЕ БЕСНИ

Масовно палење на дресот на Ленард

Според медиумите во САД, Кавај Ленард побарал да биде трејдуван, одлука која предизвика револт меѓу фановите.

објавено: 17 јуни 2018 - 13:30

Кавај Ленард е првиот кошаркар на кого фановите на Сан Антонио одлучија да му го запалат дресот. Овој популарен тренд меѓу навивачите, прв на своја кожа најдобро го почувствува Леброн Џејмс кога во 2010 година од Кливленд замина в Мајами, истото го снајде и Кевин Дурен во 2016 година кога Оклахома ја замени со Голден Стејт.

Како следни можни дестинации на Ленард се Лејкерси, Њујорк и Бостон.

Минатата сезона тој одигра само девет натпревари поради повреда, иако докторите на Спарси му дозволија да игра, поради лошиот однос со Грег Попович одлучи да не го поддржи својот тим на ниту еден плеј-оф меч.

Најново во Кошарка