ЌЕ ОДИ И ВО НАСА ДА СЕ УВЕРИ ВО ТОА

МАЛА ШЕГА: Кари сепак верува дека на месечината има луѓе!?

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, неодамна рече, односно верува дека човекот не бил на месечината.

објавено: 13 декември 2018 - 15:55

Потоа најдбриот играч на НБА шампионот доби повик од НАСА да ги посети нивните простории и да се увери дека слетувањето на Месечината навистина се случило...
Во НБА беа прилично шокирани кога Кајри Ирвинг прв ја потегна приказната за теорија на завера, односно дека земјата е рамна плоча. Нешто слично се случи и со Стеф Кари, кој се покажа како заговорник на друга теорија на завера која вели дека човекот не бил на месечината.

„Сто проценти е шега. Очигледно е дека сум се шегувал кога говорев за тоа. Тивко протестирав поради тоа што е глупаво како луѓето го земале тој цитат, и го направија како некој закон. 'Оф мој Господе, тој порекнува дека се случило слетување на месечината'. Приказната започна некој свој живот"- рече Стеф Кари, кој додаде дека поканата на НАСА нема да ја одбие.
„Ќе се едуцирам од прва рака за се што НАСА направила во својата фантастична работа во изминатите години. Се надевам дека луѓето ќе сфатат дека школувањето е моќ, и дека информирањето е моќ. Пораката до младите момци кои го слушаат секој наш збор кој ќе го изговориме, треба да сфатат дека не треба да веруваат во нешто само затоа што некој ќе го каже тоа. Треба да сфатиш во што ти всушност веруваш. Со драга воља ќе одам во НАСА и ќе уживам во тоа искуство"- порача Кари.

Најново во Кошарка