КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ДА „ПОЛНИ", НЕМА КРАЈ...

МАГИЧНИОТ СТЕФ КАРИ: 11 тројки за три четвртини и 51 поен! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт извојуваа убедлива победа против Вашингтон (144:122), а мечот во Оукленд го одбележи неверојатниот шутер...

објавено: 25 октомври 2018 - 08:01

Плејмејкерот на актуелниот шампион во најсилната лига на светот, против Вашингтон Визардс постигна 51.поен за 32.минути на теренот, со шут 15/24 од игра и 11/16 за три поени!

Во последната четвртина не влегуваше во игра.
По шести пат во својата кариера Кари заврши еден натпревар со повеќе од 50.поени, а ова беше 31.дуел во најсилната лига на светот со 40 плус кошеви.
Уште едно од своите неверојатни изданија низ кариерата Кари го најави во првата четвртина кога даде 23 поени, или половина од тимските поени (46:37).
Во текот на втората четвртина Вориорс обезбедија дввоцифрена предност, која пред крајот на третито дел изнесуваше 22. поени.
Во четвртата победа на стартот на сезоната (со еден пораз), покрај Кари, одличен беше Кевин Дурент со 30.поени (13/18 од игра), 8.скока и 7.асистенции, додека Клеј Томпсон додаде 19.поени.
И ова трио е првото по она на ЛА Лејкерс (Брајант, Гасол, Ариза) од 2. февруари, 2009 година, кои комбинирале сто или повеќе поени на еден натпревар.
Феноменално издание и на Јанис Адетокумпо во дуелот Милвоки – Филаделфија и победата на Бакси од (123:108.
Грчкиот суперстар дојде до првиот троен ефект во сезоната откако реализираше 32.поени (12/24 од игра), 18.скока и 10.асистенциии, Крис Мидлтон го испрати со 25, а Брук Лопез со уште 21.поен.
Победата на Бакси е поголема ако се знае дека во втората четвртина беа во негатива од 14.поени, но заиграа многу подобро по одморот кога обезбедија огромни +15 (84:69).
Блиску до таков ефект на другата страна беше Џоел Ембид, кој уфрли 30.поени, а дополни со 19.скока и 6. асистенции.
А до првата победа во новата сезона стигнаа кошаркарите на ЛА Лејкерс, и тоа на гостувањето кај Феникс (131:113).
Во дуелот на тимовите на кои одбраната не им е посилна страна, во втората четвртина Лејкерс дадоа дури 44.поени, и на одмор имаа капитална предност (76:54), по која немаше враќање за тимот на Игор Кокошков.
Ленс Стивенсон беше најефикасниот играч на Лејкерс, даде 23.поени со по 8 скока и асистенции. Џамал Мек Ги даде 20, а Леброн Џејмс 19 (со шут од игра 7/16), плус 10. асистенци и 7. скока.


РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Далас 111:104, Кливленд – Бруклин 86:102, Мајами – Њујорк 110:87, Торонто – Минесота 112:105, Чикаго – Шарлот 112:110, Хјустон – Јута 89:100, Сан Антонио – Индијана 96:116, Милвоки – Филалделфија 123:108, Феникс – ЛА Лејкерс 113:131, Сакраменто – Мемфис 97:92, Голден Стејт – Вашингтон 144:122; 

 

 

Најново во Кошарка