КРАЈ НА ПРИКAЗНАТА, ИЛИ САМО НОВО ПРОДОЛЖЕНИЕ...

Ленард е со една нога во Торонто, „цената" ја плаќа Дерозен?

Торонто Репторс се блиску до договор за трејд со првата ѕвезда на Сан Антонио, пренесува ЕСПН...

објавено: 18 јули 2018 - 16:00

Веќе со недели се шпекулира каде Каваи Ленард би можел да ја продолжи својата кариера, а се чини дека таа приказна е многу блиску до крајот...

Како што пренесува ЕСПН, екипата од Торонто е подготвен во замена за МВП на финалето во 2014 година да ја даде својата прва ѕвезда, Демар Дерозен кој има уште три години од важечкиот договор.
Како што се наведува, двајцата ол-стар кошаркари се запознати со тоа дека до конечен договор би можело да се дојде во наредните неколку дена.

Најново во Кошарка