ТРЕБАШЕ ДА ДОЈДЕ ЛЕБРОН ВО ЕЛ-ЕЈ ПА ДА ТРГНЕ РАБОТАТА

Лејкерси подобри од Портланд по пауза од 1.706 дена! (ВИДЕО)

„Езерџиите" беа подобри од тимот од Орегон (114:110) и ја прекинаа негативната традиција... После 16 по ред порази, најпосле победа. ЛА Лејкерс го победи Портланд (114:110)

објавено: 4 ноември 2018 - 08:31

„Езерџиите" беа подобри од тимот од Орегон (114:110) и ја прекинаа негативната традиција...
После 16 по ред порази, најпосле победа. ЛА Лејкерс го победи Портланд (114:110), по пауза од точно 1.706 денови.
А до победата гостите од Ел-Еј дојдоа во последните минути од третиот период во која направија серија од (16-0) и обезбедија недостижни (88:71). ВО финишот на натпреварот Блејзерс се приближија на (109:112). Но Леброн Џејмс сега не ги утна слободните фрлања.

Леброн го предводеше својот тим со 28.поени, иако послаба реализација од поле (9/20), имаше и седум асистенции и пет скока. Ражон Рондо забележа 17.поени, десет скока и шест асистенции додека Кузма и Мек Ги дополнија со по 12. реализации.
Демиен Лилард и Си Џеј Мек Калум беа осамени во екипата на Портланд кога се зборува за поентирањето, имаа по 30. поени, единствен кој ги следеше беш само уште Јусуф Нуркиќ со 14.поени и 13. скока.

 

Виктор Оладипо ги олади Селтикс со тројката која ја постигна на 4.7 секунди пред крајот, за победа на Индијана против Бостон (102:101),
Бекот на Пејсерс ја круниса својата сјајна партија со 24. поени, 12. скока и три асистенции, Бојан Богдановиќ додаде 16.поени, додека Тајрик Еванс запиша поен плус во однос на Хрватот.
Резервистот Маркус Морис со 23.поени, беше најефикасниот играч на Бостон, Кајри Ирвинг имаше 18, а Џејсон Тејтум и Ал Хорфорд по 14.
Интересно е дека Бостон постигна дури 19.тројки, но од неверојатни 46. обиди од игра!
На свој терен, Шарлот го декласираше Кливленд (126:94), а одлучи третата четвртина по која Хорнетс направија плус 20 (93:73).
Харден се врати, Хјустон се разбуди, тоест победија Рокетс. И тоа на гости, во Чикаго со (96:88).
После израмнетото прво полувреме, со сјајна серија до 15.поени, Хјустон дојде до (73:59) и го „прекрши“ натпреварот во кој Џејмс Харден беше најдобар играч со 25.поени (7/17 од игра), а Кармело Ентони го испрати со 17.поени.
Пред своите навивачи Атланта го победи Мајами (123:118) и ја прекина серијата од четири порази по ред. Хоукс ги предводеше Тре Јанг со 24.поени и 15. асистенции, што е негов рекорд во кратката кариера.

Кошаркарите на Денвер продолжија со одличните партии во оваа сезона. Против Јута Џез го за пишаа осмиот трумф во девет одиграни мечеви (103:88).
Нагетс сјајно ја одиграа последната четвртина која ја добија со (35:15) За 29.минути во игра Никола Јокиќ имаше неверојатни 16 асистенции за еден центар, заедно со десет скока и седум поени.
Гери Херис имаше 20, а Џамал Мареј уште 19 за Денвер.
Кај „Џезерите" Џеј Краудер постигна 21, а Донован Мичел 16.поени.
Полесно од што се очекуваше, Сан Антонио го победи Њу Орлеанс со (109:95).
Спаси заминаа на одмор со големи 19. поени предност (58:39) и потоа не се поставуваше прашањето околу победникот. Расположениот тим на Грег Попович го предводеа Демар Дерозен со 26.поени и 4.асистенции, Ламаркус Олдриџ запиша уште 22. поени плус 12. скока и 6. асистенции.
Спарси се четвртти на Западот со скор (6-2) колку што има и Портланд, ова е петтиот по ред пораз за Пеликанс кои паднаа на (4-5).
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Кливленд 126:94, Индијана – Бостон 102:101, Атланта – Мајами 123:118, Чикаго – Хјустон 88:96, Сан Антонио – Њу Орлеанс 109:95, Денвер – Јута 103:88, Портланд – ЛА Лејкерс 110:114;

 

 

 

Најново во Кошарка