НОВА ПАРОДИЈА НА ЛАВАР БОЛ...

Лејкерс се тим на Лонзо, а не на Леброн!?

За време на ова лето, Лос Анџелес Лејкерс во повеќе наврати испратија јасна порака за Лонзо Бол. Дека повеќе нема да го третираат како „златно дете"...

објавено: 15 август 2018 - 09:30

Доволно провоцирачки за неговиот татко, контроверзниот Лавар Бол за нов настап пред американските медиуми.

Прво во клубот дојде ветеранот Ражон Рондо, потоа, за време на Летната лига, Меџик Џонсон без никаква задршка го фалеше Џош Харт, дури и во таа насока дека го гледа како иден стартер на бековската позиција во новата сезона.
Пораката беше сосема јасна.
Нема повеќе посебен третман за „златното момче". Помина сезоната во која беше руки, во која беше дебитант. Сезона во кои многумина го видоа како разочарување, најмногу по оние силни фалби кои на негова сметка ги изрекна токму Меџик.
Сега е време да направи исчекор, и Лонзо Бол да покаже од што е направен. И време да покаже дали може да му биде добар соиграч на Леброн Џејмс кој секако ќе биде првата ѕвезда во тимот од ЛА.
Секако, сите овие случувања се само дополнителен „мотив" на неговиот татко, Лавар, кој и без тоа, своите синови ги прави „ѕвезди" во медиумите.

Гостувајќи на едно локално радио во Лос Анџелес, Бол-сениор успеа да каже и една таква реченица коај вели дека: „ Лејкерси се тим на Лонзо, а не на Леброн".
А на оној кој макар и од страна ја следи кошарката, јасно е дека таква некоја „глупост" би можел да изговори само некој од семејството Бол.
Каде и да се појави, каде и да заигра Леброн Џејмс, тоа е, и ќе биде негов тим, макар неговите соиграчи биле многу повеќе години во тимот.
Прашањето е само тоа, дали некој навистина го интересира што ќе каже еден Лавар Бол?
Секако, тука е и прашањето кога Лејкерси ќе го сфатат Лавар Бол како пречка, посебно ако се земе в предвид целото тоа шоу кој истиот го прави околу својот син, надвор од соблекувалната и теренот.

Најново во Кошарка