ОСТАНУВАЊЕ ВО КЛИВЛЕНД ТЕШКО

Лејкерс е топ фаворит во плановите на Леброн

После поразот од 0-4 во финалето, Џејмс размислува дека е најдобро да го напушти својот Кливленд...Во обложувачниците во Лас Вегас, најголеми шанси да придобивање на Џејмс му се даваат на Лејкерс...

објавено: 10 јуни 2018 - 16:40

„Коњаниците" имаат доволно добар тим за титула на Истокот, но немаат квалитет за шампионска титула во НБА. Ако Леброн остане во клубот, ќе немаат пари за носење на квалитетни засилувања и повторно целиот товар ќе биде врз него.

Филаделфија е интересна опција за Џејмс, но дали ќе сака да игра со толку млади соиграчи околу себе. Таму го има центарот Ембид, талентираните Шариќ и Симонс (има ист менаџер со Џејмс), и иднината им е загарантирана.

Од маркетиншка гледна точка, убедливо најатрактивна дестинација би бил славниот и популарен ЛА Лејкерс. Но, за „езерџиите" да се борат за титула, а Џејмс го сака тоа, ќе мора да донесат уште барем двајца ол-стари.

Во обложувачниците во Лас Вегас, најголеми шанси да придобивање на Џејмс му се даваат на Лејкерс.
Хјустон со Џејмс, дефинитивно би можел да го симне Голден стејт од тронот, но прво мора да го убедат Крис Пол да прифати помала плата. Бекот не сака да игра за помалку од максимумот, и тоа е проблем за „ракетите".
Аутсајдери во трката по Џејмс се Њујорк никс, Мајами и Сан Антонио спарс. Никс нема титула од 1973 година, но ја има мистичноста на „Медисон сквер гарден" и тренерот Дејвид Физдејл, кој е пријател на Леброн. Мајами освои две титули со Џејмс во составот, но тешко дека ќе успеат повторно да го привлечат. Спарс уште се привлечно место за секој играч, и така ќе биде додека го имаат тренерот Грег Попович.

Најново во Кошарка