ГО ВЛЕЧЕ ТОПКАТА

КРИС БОШ СЕ ВРАЌА: Кажа и каде сака да игра

Овој 34 годишен ол-стар кошаркар не се мири со дијагнозите на лекарите...

објавено: 9 октомври 2018 - 15:15

Крис Бош не се откажува од кошаркарската кариера. Овј 34 годишен кошаркар својот последен натпревар го одигра уште во февруари, 2015 година, во дресот на Мајами, а потоа поради болест, остана надвор од терените.

Независен лекарски конзилиум формиран од НБА лигата утврди дека неговото бавење со спорт не е сигурно, но Бош никогаш не се помири со тоа.

Сеуште мечтае да се врати на кошаркарските терени, а изјави дека конечната одлука за својата кариера ќе ја донесе најдоцна до паузатата за Ол-старот во февруари следната година.
Но, го кажа и името на клубот на кој сака да му се приклучи.
И не е Мајами Хит, туку Њујорк Никс.

„Ако ми понудат договор, би сакал да играм таму" - рече Бош За „Њујорк Дејли Њуз".

Најново во Кошарка