МАКАР И ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕТСЕЗОНАТА

„Кралот" покажа мускули: Лејкерс го урна шампионот (ВИДЕО)

На неколку дена пред почетокот на новата сезона, „езерџиите" предводени од Леброн Џејмс славеа победа во дуелот одигран во Лас Вегас (123:113) против Голден Стејт...

објавено: 11 октомври 2018 - 09:00

Најзаслужен за триумфот на ЛА Лејкерс против актуелниот шампион на НБА лигата беше Брендон Инграм кој натпреварот одигран во „градот на коцката" го заврши со 26.поени, Кајл Кузма даде 22, а Кентавиус Колдвел-Поуп уште 20 за предизвикувачот.

Најголемата ѕвезда на тимот од ЛА, Леброн Џејмс имаше дабл-дабл ефект. За само 18.минути собра 15. поени и допиша уште 10. скока.
На другата страна, кај Голден Стејт, Стеф Кари беше најефикасен со 23.поени, Клеј Томпсон имаше 20, а Кевин Дурент 18.поени. 

Најново во Кошарка