ШОУТО МОЖЕ ДА ПОЧНЕ

„Кралот" го одбра Холивуд, доби 154 милиони долари за тоа!

Леброн Џејмс одлучи неговата иднина да биде една од најславните франшизи во историјата на НБА лигата – ЛА Лејкерс.

објавено: 2 јули 2018 - 07:57

За прв пат во својата кариера Леброн Џејмс ќе игра во тим од Западната конференција и тоа оној најславниот ЛА Лејкерс.
„Кралот" одлучи како слободен агент да ја прифати понудата коај атигна од менаџментото на „езерциите". Вредна е скоро 154 милиони долари за чертворогодишне договор во кој псоледната година е условна. Но сепак, тоа е договоро со најголема „должина" кој го реализира најдоминатниот играч во последните скоро две децении во НБА лигата.

Лејкерс беа една од неколкуте екипи кои можеа да си го дозволат тој луксуз да потрошат многу пари за да донесат една вистинска ѕвезда во тимот, ако не и најголемата во овој момент во светот на кошарката.
Сепак, една од најтрофејните екипи во историјата нема да се задоволи со овој потпис, туку амбициите се да се донесе уште еден суперстар играч.

Големи се шансите тоа да биде Каваи Ленард кој призна дека е фан на „езерџиите".
После 15 години проведени на Истокот, ова ќе биде прв тим за Леброн на Западот.
Во исто време, од ЛА Лејкерс потврдија дека постигнале договор со уште тројца кошаркари.
Во ЛА останува Кентавиус Колдвел-Поуп, а покрја него сега Ленс Стивенсон (екс Индијана) и Џавал Мек Ги (Голден Стејт) ќе бидат новата подршка за Џејмс и оние кои другите ќе останат во составот кој ќе го предводи Лук Волтон во наредниот период.

Најново во Кошарка