ИМА ПРИЧИНИ ЗА ТАКВО НЕШТО

КОБИ ПРЕДЛАГА: Да се подигне нова статуа за Меџик поради Леброн

Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс не го крие своето воодушевување со доаѓањето на Леброн Џејмс во екипата од Калифорнија, а заслугите за тоа му ги припишува на првиот човек на франшизата...

објавено: 8 јули 2018 - 19:30

Не така одамна Ирвин Џонсон вети дека ќе си замине од местото претседател на кошаркарските операции кај Лејкерс доколку не донесе некоја голема ѕвезда во текот во наредните две лета.

Ветувањето го исполни, веќе во првите денови на преодниот рок, во "градот на анѓелите" дојде никој друг туку лично Леброн Џејмс.
Воодушевувањето од тој потег не го крие ниту Коби Брајант.

„Отсекогаш Меџик беше мојот омилен играч, Ајде да ги видиме работите вака: тој освои пет прстени со Лејкерси, потоа стана сопственик и зема уште толку. После тоа се повлече, но за да се врати како претседател на кошаркарските операции и го доенсе Леброн во Ел-Еј. Тој човек навистина би требало да добие нова статуа" - истакна Коби.
„Тоа што го работи Меџик е неверојатно! Оставштината која е зад него во нашата франшиза и работите кои и понатау ги прави се навистина неверојатни".

За потсетување, Ирвин Меџик Џонсон е еден од десетмината кои имаат свое место (статуа) пред „Стејплс центарот" во Лос Анџеле. Покрај него таа чест им припадна уште и на: Коби Брајант, Шекил Онил, Џери Вест, Карим Абдул-Џабар...

Најново во Кошарка