ИНТЕРЕСНИ СОВЕТИ НА БРАЈАНТ

КОБИ: Леброн би можел помалку да работи, а повеќе да освојува

За „Блечер репорт", легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс говореше за наследството кое се себе го носи еден Леброн Џејмс, и што би можел да направи за да освои уште некоја титула...

објавено: 13 јуни 2018 - 15:00

За „Блечер репорт", легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс говореше за наследството кое се себе го носи еден Леброн Џејмс, и што би можел да направи за да освои уште некоја титула...

„Сето она што како мало момче размислував е како да ја освојам титулата. Само тоа ми беше важно. По тоа ги вреднував Мајкл, Бирд, Меџик... Да сум Брон, би се трудел да најдам начин како да победувам. Мора да најде начин да освојува титули, едноставно мора"- вели во улога на советодавец, Коби Брајант.

Сопственикот на пет шампионски прстени стигна да подели уште некој совет за ведетата на Кливленд кој го загуби и шестото од вкупно девет финалиња кои ги играше досега во кариерата.

„Додека многу работев, Фил Џексон често имаше обичај да ми каже дека работам премногу. На тоа му реков дека соиграчите мораат повеќе да работат, а тој ми врати одговор дека тоа е моја одговорност"- дополни легендарниот бек на Лејкерси.

А токму Лејкерси се еден од тимовите за кои се почесто се говори дека Џејмс би можел да им се придружи веќе ова лето.
Па можеби овие совети на Брајант и нема да бидат само „совети", туку и покана за „Кралот" да го одбере ЛА.

Најново во Кошарка