АМЕРИКА ЌЕ ЈА БРАНИ ТУТЛАТА СВЕТСКИ ШАМПИОН БЕЗ ВЕСТБРУК

Клубот позначаен од репрезентацијата: Вестбрук му откажа на селекторот на САД за СП

објавено: 8 јули 2014 - 13:27

Феноменалниот бек на Оклахома, Расел Вестбрук нема да биде дел од репрезентацијата на САД на претстојното Светско првенство во Шпанија, пренесуваат американските медиуми.

Членот на селекцијата која се закити со златниот медал на претходното Светско првенство, како и на Олимписките игри, му пренел на селекторот дека ќе паузира овој пат, бидејќи сака максимално да се опорави и да подготвен да ја сочека следната сезона во НБА.

Вестбрук во текот на претходната сезона имаше трета интервенција на коленото, а со оглед на тоа дека подготовките на репрезентацијата на САД ќе стартуваат во јули, оцени дека би му било премногу напорно и ризично да се изложи на таков предизвик.

И со откажувањето на Вестбрук, во таборот на САД ќе има крајно тешка конкуренција на позицијата плејмејкер. Кајри Ирвинг, Демијен Лилард и Стивен Кари се опциите на селекторот на позицијата организатор на игра.

На Светското првенство кое се одржува од 31 август до 14 септември Американците ќе играат во групата Ц заедно со Турција, Доминиканска Република, Финска и Украина.

Најново во Кошарка