БЕКОТ НА ВОРИОРС СО НОВА ПРЕОКУПАЦИЈА

Клеј Томпсон организира голф-турнир

Додека другите тренираат кошарка или одмораат, Томпсон се сврте кон голфот

објавено: 28 јули 2018 - 18:00

Членот на НБА првакот Голден стејт вориорс, Клеј Томпсон, летово не е толку преокупиран со кошарката, туку со голфот. Додека Кевин Дурант, Џејмс Харден и Расел Вестбрук се потат во Лас Вегас на подготовките на репрезентацијата на САД, бекот на Вориорс подготвува голф турнир во Сан Франциско, кој ќе се одржи на 18 и 19 август. Освен Томпсон, во мини-кампот на националниот тим на САД не учествуваат ниту неговите соиграчи од Голден Стејт, Стеф Кари (му се радува на новородениот син) и Дрејмонд Грин кој избра да одмори. Демаркус Казинс ќе биде со колегите, но се рехабилитира од повреда.

Најново во Кошарка