Ќе се „чешла“ ангажманот на Фил Џексон во Њујорк

објавено: 20 март 2014 - 15:57

Челниците на НБА лигата ќе испитуваат дали  поставувањето на Фил Џексон на позицијата генерален менаџер во тимот на Њујорк Никс е регуларно, поради тоа што трофејниот тренер е во долгогодишна врска со Џини Бас, која е дел од бордот на директори во Лос Анџелес Лејкерс. Таа инаку е ќерка на починатиот сопственик на франшизата од „градот на анѓелите“ Џери Бас.

„Можно е ангажманот на Џексон од страна на Њујорк Никс да се коси со прописите на лигата во врска со конфликтот на интересите. За да се избегне една таква ситуација, ги известивме двете екипи дека ќе извршиме дополнителни испитувања за да бидеме убедени дека врската помеѓу Џини Бас и Фил Џексон нема да влијае на функционирањето на клубовите“, изјави порпаролот на НБА лигата Мајк Бас.

Џини и Фил се во врска од 1999 година, а се верија во 2012, а од тогаш и претставниците на лигата многу повеќе се интересираат за нивниот професионален ангажман. Не така одамна, пензионираниот комесар на НБА Дејвид Штерн разговараше на таа тема со Џин, поради тоа што тогаш Џексон се поврзуваше со ангажман во Торонто и уште некои други клубови.

Најново во Кошарка