НЕ САКА ДА БИДЕ „ЦРВЕН КРСТ“, ПОВЕЌЕ НЕМА ОТСТАПКИ

КЕВИН ДУРЕНТ Е ЈАСЕН: Нов договор и се разбира, повеќе пари!

Крилото на Голден Стејт нема да ја искористи опцијата од договорот и за 26.3 милиони долари да ја продолжи соработката со Вориорс за сезоната 2018/2019...

објавено: 11 април 2018 - 22:00

Како што пренесува „ЕСПН", 29.годишниот кошаркар сака да потпише нов договор со клубот, но под други, многу подобрени финансиски услови.

Минатата сезона Дурент потпиша договор со тимот од Оукленд до летото 2019 година, вреден 51.3 милиони долари, а финансиските отстапки кои ги направи еден до најдобрите играчи во НБА лигата и помогнаа на франшизата од Калифорнија во екипата да ги задржи Андре Игудала и Шон Ливингстон.

Но, оваа година, Кеј-Ди нема причини за да се согласи на некоја пониска плата, иако оваа сезона, со она онаа која ја зема(ше), значи повеќе од 25.милиони долари, е вториот најплатен играч на Голден Стејт, зад Стеф Кари, кој стигна до неверојатни 34.7 милиони долари.
Инаку Дурент во просек бележи по 26.4 поени, 6.8 скока и 5.4 асистенции по натпревар во тековниот шампионат.
Некогашниот играч на Оклахома беше избран како втор пик на драфтот во 2007 година, и тоа од страна на сега веќе непостоечкиот Сиетл Суперсоникс.
Инаку, во досегашниот дел од кариерата КД има заработено 135.209.018 долари.

Најново во Кошарка