ОДЛУКАТА НА ЏЕЈМС ЌЕ ПРЕДИЗВИКА И ДРУГИ ВЛИЈАНИЈА

Kармело Ентони ја чека одлуката на Леброн Џејмс

објавено: 10 јули 2014 - 10:45

Кармело Ентони ќе ја сочека одлуката на Леброн Џејмс околу неговата иднина, па потоа тој да избире тим.

И двајцата на 1 јули станаа слободни агенти, за Кармело Ентони заинтересирани се Чикаго, Хјустон, ЛА Лејкерс и секако Њујорк Никс, а Џејмс ќе бира помеѓу Мајами и Кливленд

Ентонио сигурно ќе добие максимален договор без разлика за кој клуб ќе се одлучи да игра, од неговиот доскорешен клуб Њујорк може да добие петгодишен договор вреден 129 милиони долари, а од останатите четиригодишен за 96 мииони.

Сепак, Хјустон најверотно ќе се откаже од Ентони бидејќи „ракетите“ полека, но сигурно се насочуваат кон Крис Бош, па и нему планираат да му понудат сличен договор како и на Мело. Поради тоа сѐ поизвесно е дека Кармело Ентони ќе бира помеѓу Њујорк Никс и Лос Анџелес Лејкерс, пред сѐ поради градовите.

Од друга страна, пак, Мајами се обидува со трансферите на Џош Мекробертс и Дени Грејнџер да го убедат Џејмс да потпише со нив, а Кливленд ќе го „мами“ со Реј Ален и Мајк Милер.

Најново во Кошарка