ОЛ-СТАР ИГРАЧИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ФОРМА...

Кари и Леброн до 42, ама Џорџ броеше до 47! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт и на ЛА Лејкерс славеа сигурни победи над Кливленд односно Сан Антонио. Но херојот на вечерта е сепак Пол Џорџ.

објавено: 6 декември 2018 - 08:30


Кошаркарите на Голден Стејт и на ЛА Лејкерс славеа сигурни победи над Кливленд односно Сан Антонио. Но херојот на вечерта е сепак Пол Џорџ.
Ол стар крилото на Оклахома Тандер, а три секунди пред крајот, ја даде победничката тројка во дуелот со Бруклин Нетс, за триумф од (114:112).

Џорџ прикажа сјајна партија заокружена со 47 поени (и 15.скока) од кои 23. во последната четвртина во која Тандер надокнади минус од 20.поени.

А во репризата на ланскто финале и неколку пред тоа, Голден Стејт како гостин беше убедлив против Кливленд. Славеше актуелниот првак со (129:105).
Стеф Кари беше феноменален, особено во третата четвртина во која Вориорс направија пресврт (37:22).
Застана на бројката од 42.поени (9/14 за три поени), девет скока и седум асистенции. Кевин Дурент имаше 25.поени, десет скока и девет додавања, а Клеј Томпсон 16.
Кај Кливленд, Секстон реализираше 21, Кларксон 17, Осман 16...
Сјајна вечер, уште една од многуте, имаше Леброн Џејмс, кој го урна одличниот Сан Антонио. Во „Стејплс центарот" беше (121:113), за Лејкерс, кои сега имаат ефект (15-9), за петто место на Западот.
Ги водеше сјајниот Леброн кој даде 42.поени (15/24 од игра), шест асистенции и пет скока, а него го следеше Кајл Кузма со 22. поени, односно Лонзо Бол кој имаше 14.поени и девет додавања.
Кај гостите, Демар Дерозен уфрли 32.поени, Руди Геј еден помалку.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Голден Стејт 105:129, Орландо – Денвер 118:124, Атрланта – Вашингтон 117:131, Бруклин – Оклахома 112:114, Торонто – Филаделфија 113:102, Мемфис – ЛА Клиперс 96:86, Милвоки – Детроит 115:92, Минесота – Шарлот 121:104, Њу Орлеанс – Далас 132:106, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 121:113;

Најново во Кошарка