ГО ИМАМЕ ЛИ ПОТЕГОТ НА ПРЕТСЕЗОНАТА?

Кари е од некоја друга планета (ВИДЕО)

Стеф Кари со нов, фантастичен потег, макар и во мечевите кои не с ебројат...

објавено: 9 октомври 2018 - 17:30

Сите знаеме дека Стеф Кари е еден од најголемите кошаркарски магионичари на светот, но понекогаш и бекот на НБА шампионот знае да изненади со нови мајстории

Една таква изведе во Сан Франциско, каде Голден Стејт држеше отворен тренинг за јавноста. Полните трибини беа сведок на моментот кога Стеф отиде до средина на теренот, се сврте со грб спрема кошот, и погоди!

Секако, следеа громогласни аплаузи и „честитки" од соиграчите.
И оваа сезона Вориорс се главни фаворити за одбрана на титулата, сега дополнително засилени со трансферот на недоволно опоравениот Демаркус Казинс. Затоа и многумина велат дека тоа е најсилната петорка во лигата.
Дали ќе биде така ќе се увериме наскоро, веќе од 16. октомври, кога стартува новото издание на НБА лигата?

 

 

 

Најново во Кошарка