НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА

КАЈРИ: Морав да го побарам Леброн, и да му се извинам...

Плејмејкерот на Бостон призна дека критиките на младите играчи во тимот го навеле да го преиспита својот однос со Леброн Џејмс во времето кога играа заедно за Кливленд Кавалирс.

објавено: 17 јануари 2019 - 19:00

Првиот пик на драфтот во 2011 година со Кавалирс, пет години подоцна ја освои НБА титулата, а следното лето, незадоволен од третманот во тимот од Охајо, се пресели во Бостон.

„Морав да го повикам Леброн и да му се извинам за однесувањето за време на нашите заеднички настапи за Кливленд. За мене тоа беше многу важно. Бев млад и сака во се да го следма неговито пример. Но во исто време сето тоа да го направам на свој начин. Сакав да ја водам екипа до шампионската титула. Сакав да бидам водач. Сакав да имам се. Но малку кој може да ја разбере одговорноста која ја има најдобриот играч на светот"- рече Кајри Ирвинг во „простувањето" со Џејмс.

Не застана тука...

„Џејмс дојде во Кливленд и се обиде да ни го покаже патот како да дојдеме до титулата. Му беше тешко во Кавалирс. Понекогаш да се одбие максимум од тимот не е најлесната работа на светот".

Минатото лето Леброн се пресели од Кливленд во Лос Анџелес, но поради повреда на слабините, извесно време е надвор од теренот.

Најново во Кошарка