Малку време му требаше да покаже што знае

Јокиќ го „упропасти" Кокошков – трипл-дабл без утка, како да е Чембрлен! (ВИДЕО)

Србинот одигра скоро перфектна партија во победата на Денвер против Феникс Санс (119:91).

објавено: 21 октомври 2018 - 09:00

Високото крило на Нагетс реализираше 35. поени, но освен тоа имаше и 13 скока и 11.успешни додавања, четири украдени топки, а сето тоа за само 30.минути игра.
Но, што е уште поважно и рекордно, е тоа дека Никола Јокиќ имаше само еден нереализиран обид од игра, и тоа од линијата за слободни фрлања (10 од 11). Ги погоди сите 11 шута од игра, од тоа три тројки.
Ова е неговиот 17. троен ефект во кариерата.

Стана дури вториот играч во историјата на НБА кој имал трипл-дабл учинок на еден натпревар а притоа да дал најмалку 30.поени без да промаши од игра. Претходно, тоа му појде од рака само уште на Вилт Чембрлен.

Во исклучително ефикасниот дуел помеѓу Далас и Минесота, Маверикс победија со (140:136), предводени од Лука Дончиќ, кој беше еден од шестмината двоцифрени", но со најдобар поентерски ефект.
За 36.минути на теренот постигна 26.поени, а покрај тоа имапе и шест скока, три асистенции, две освоени топки...

Одличен натпревар одиграа Филаделфија и Орландо, а го добија Сиксерс со (116:115).
За победничката екипа Џоел Ембида уфрли 32 поени со 10.скока, додека уште еден играч од овие наши простори, Никола Вучевиќ имаше трипл-дабл. Силниот Црногорец во Меџик реализираше 27.поени, 13.скока и 12.асистенции.

Во Лос Анџелес, Хјустон им го нанесе и вториот пораз на ЛА Лејкерс (124:115), а Рокетс запишаа прв триумф. Блескаше трилингот Харден-Пол-Капела со 36, 28, односно 19. поени. Додека пак на другата страна Леброн Џејмс имаше 24.поени, и по пет скока односно асистенции.


РЕЗУЛТАТИ: ЛА Лејкерс – Хјустон 115:124, Портланд – Сан Антонио 121:108, Денвер – Феникс 119:91, Мајами – Шарлот 112:113, Чикаго – Детроит 116:118, Филаделфија – Орландо 116:115, Њујорк – Бостон 101:103, Вашингтон – Торонто 113:117, Индијана – Бруклин 132:112.

Најново во Кошарка