ВОСПИТНИ МЕРКИ СЕ СЕКОГАШ ДОБРЕДОЈДЕНИ

И ЏОРДАН ЗНАЕ ДА СЕ ИЗНЕРВИРА: Му „врза" две „заушки" на еден играч (ВИДЕО)

Мајкл Џордан, кој е и сопственик на Шарлот Хорнетс, беше бесен на својот играч Малик Монс, чие однесување можеше скапо да го чини тимот во дуелот со Детроит.

објавено: 13 декември 2018 - 14:00

Имено, „Ем-Џеј", кој на домашните натпревари на Хорнетс седи веднаш зад клупата, односно до играчите, два пати го удри Монк по главата поради она што го направи.


Монк предвреме влета на теренот да го прослави кошот на Џереми Лемб за победа. Односно уште додека топката патуваше кон кошот на Пистонс. Доволно, според правилата, судиите да досудат техничка грешка, и да му дадат едно слободно фрлање на Детроит, кое можеше да донесе и продолжение од пет минути.

Сето тоа, секако, помалку го изнервира и Џордан, кој примени, се чини нешто погруба воспитна метода, кај нас многу попозната како „заушка". 

Најново во Кошарка