ОДБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ОДБРАНБЕНИ ПЕТОРКИ ВО НБА

ФРАНЦУСКА ДЕФАНЗИВНА ДОМИНАЦИЈА: Руди Гобер најдобро го штити кошот

НБА лигата ги соопшти составите на првиот и на вториот дефанзивен тим во сезоната, а во изборот најголем број на поени собра центарoт на Јута Џез...

објавено: 24 мај 2018 - 14:07

Францискиот центар собра вкупно 192 поени во изборот и излезе на првото место кај најдобрите дефанзивни играчи во најсилната лига на светот, што е негов втор „влез" во оваа конкуренција.

Во петте најдобри одбранбени играчи се уште и Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Виктор Оладипо (Индијана), Дрју Холидеј (Њу Орлеанс) и Роберт Ковингтон (Филаделфија).

Во својата кариера Дејвис веќе беше во едне ваков избор на најдобрите дефанзивци а во два наврати беше во оној „втор тим", додека пак Оладипо, Холидеј и Ковингтон се за прв пат во вака високо друштво.
А втората петорка на дефанзивци ја сочинуваат: Џоел Ембид (Филаделфија), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Ал Хорфорд (Бостон) Дежонте Мареј (Сан Антонио ) и Џими Батлер (Минесота).
Во регуларниот дел од сезоната Гобер во просек реализираше по 10.7 скокови по натпревар (11. во лигата), заедно со 2.3 блокади (трет во лигата), а поради повреди пропушти 26.мечеви во регуларниот дел.
Сосема извесно, Гобер влезе и во оној најтесен избор за најдобар дефанзивец на НБА, а во тој „скратен круг" се уште и Џоел Ембид и Ентони Дејвис.

Најново во Кошарка