БРЗО ЌЕ ДОБИЕ СВОЈ НАСЛЕДНИК

„Еир Канада" најавува: Зајон е веќе подготвен за НБА

Ветеранот на Атланта, Винс Картер е уверен декла младиот Зајон Вилијамсон е веќе спремен за она што го чека во најсилната лига на светот, но и тоа дека е потребно дополнително да ја развие својата игра.

објавено: 10 јануари 2019 - 22:00

Осумнаесетгодишниот Зајон Вилијамсон, студент на прочуениот Универзитет Дјук, доминира во оваа сезона од НЦАА лигата, а неговите атрактивни потези за време на игрите на полуларните „војводи" го преплавија интернет-просторот, не само во Америка, туку и во светот.

„Зајон ќе биде подготвен за НБА"- вели 41. годишниот Винс Картер, чиј наследник, пред се во оние забивачки елементи, треба да е младиот кошаркар од Дјук.

„Она што го научив кога дојдов во НБА лигата е дека физичката подготовка е битна. Но и тоа дека има многу подготвени момци во лигата. Важно е што нудиш. Мислам дека Зајон ќе помине низ таа фаза, исто како што го направив и јас. Сите веќе зборуваат како може така да забива. Но сега кога скоро сите го можат тоа, прашање е што навистина друго умее. Телото му е спремно за НБА. Сега му е потребно време за да ја развие играта"- вели човекот кој својата кариера ја започна како играч на Северна Каролина во средина на деведесеттите, за во 1998 година биде избран како петти опик на драфтот.

Во 2000 година беше најдобриот на Ол-стар натпреварот во забивање,

 

Најново во Кошарка