КАЈ АЛЕН АЈВЕРСОН ДИЛЕМИ НЕ ПОСТОЕЛЕ НИКОГАШ

Џордан или Леброн, дајте луѓе, не ме навредувајте!

Еден од најдобрите бекови во историјата на НБА лигата, изјави дека Мајкл Џордан е најдобриот играч на сите времиња, и дека не постои простор за било какво дебатирање на таа тема.

објавено: 7 декември 2018 - 15:30

Во својот текст на сајтот „Плејерс Трибјун", Ајверсон даде свое мислење за дискусијата која долго се води околу тоа дали Леброн Џејмс може да му се закани на Мајкл Џордан.

„Мајкл засекогаш ќе биде најдобриот на сите времиња. И ве молам, немојте да ме навредувате со било какви статистики, и сметајте како да немате воопшто шанса да го смените моето мислење"- нагласува „Одговорот".

Од друга страна вели дека го почитува Леброн, но и тоа дека едноставно не гледа дали некој може да биде на нивото на Џордан.

„Првенствено, го сакам Леброн. Спрема него не чувствувам ништо друго освен Леброн. Тој е најдобриот играч на својата генерација, еден од најдобрите на сите времиња, сјаен сопруг, сјаен татко, одличен пример, но не само тоа. Тоа што го работи со школата во Акрон е неверојатно убаво, Но луѓе, зборуваме за Мајкл. Зборуваме за Мајкл, за 'Црниот Исус', лично" – потенцира АЈверсон.

За време на својата кариера тој играше и против Џордан и против Џејмс. Оттука е јасно дека со право е прозван да направи една ваква анализа. И да учествува во дебатата кој е подобар.
Во својата кариера 11.пати беше Ол-стар, четири пати најдобар стрелец во лигата, а еднаш беше прогласен и за најкорисен играч во НБА лигата.

Најново во Кошарка