ОДГОВОР КОЈ ЈА ЗАПРЕПАСТИ АМЕРИКА:

Џоел, што си купи од првата плата? Ништо...

Од некој кој има договор на 148.милиони долари, сигурно не се очекуваа такви зборови...

објавено: 27 август 2018 - 10:00

НБА ѕвездата, и играч на Филаделфија, Џоел Ембид откри што „пазарел" со својата прва плата која ја земал по доаѓањето во новото кошаркарско соѕвездие.

А со она што го даде како одговор, го запрепасти целиот кошаркарски, па и џет-сетот во САД и во светот...
Кошаркарот кој доби договор вреден 148.милиони долари од Филаделфија, си призна:

„Не купив ништо. Го чувам сето тоа. Не возам, немам возачка дозвола, не купував никакви куќи, и се што ми треба во овој момент се видео игрите и кошарката. Тоа ме прави најсреќен" - рече Ембид во една ТВ емисија и ги воодушеви фановите во целиот свет.

Ембид откри и како ќе ја нападне МВП титулата, дека сака градови како Њујорк, ЛА или пак Мајами, и дека не оди по плажите токму поради тоа што е „зафатен" со играње на видое-игри.

Најново во Кошарка