ДОБИ КОНКУРЕНЦИЈА, И ТОА СЕРИОЗНА

Две „23" во Ел-Еј (ВИДЕО)

Еден од синовите на „Кралот Џејмс", Брони, тргна по неговиот пат...

објавено: 6 декември 2018 - 08:00

Суперѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс веќе не е единствениот кој го носи дресот со бројот „23" во Лос Анџелес.
Синот на „кралот", Брони, тргна по неговата патека на славата и веќе дебитираше за неговиот нов тим Санта Моника Кросроудс.
На првото појавување на теренот, Брони реализираше 27.поени, и тоа пред очите на неговиот татко кој го следеше овој меч од првите редови на трибината во ова училиште.

Досега Брони го носеше дресот со бројот „0" во чест на еден од неговите омилени играчи Расел Вестбрук.

„Не знам колку време ќе трае сето ова, но ме прави да бидам горд"- изјави 203 сантиметри високото крило пред последниот тренинг на Лејкерс.

Факт е и тоа дека Брони може да си го избере бројот, но не и името.
А пред некој месец, во едно интервју за ХБО, Леброн призна дека можеби направил грешка кога дозволил неговиот син да биде крстен според неговото име.

„Се уште жалам поради тоа, што му го дадов моето име на мојот 14 годишен син. Кога бев мал, немав татко, и секогаш чувствувам некоја празнина поради тоа. Сега сакам на моите деца да им дадам се што не сум имал јас. Единственото нешто кое сега можам да го направам е да ги подигнувам и да им давам совети како понатаму. А тие ќе одберат што сакаат да станат" – изјави тогаш Леброн.

 

Најново во Кошарка