КАКО СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН ВО БЕЛГРАД НА „КОШАРКА БЕЗ ГРАНИЦИ"

ДИВАЦ: Имавме и војни, а овие кампови ги обединуваат луѓето

Завршницата на кошаркарскиот камп „Кошарка без граници" и Ол-стар натпреварот на најдобрите „кампери" во двете конкуренции одржани во салата „Радивој Корач" во Белград, ја направи уште поголема и присуството на генералниот менаџер на Сакраменто Кингс, Владе Дивац,

објавено: 20 август 2018 - 08:45

Легендарниот српски центар во српската престолнина допатува заедно со сопственикот на Кингс, Вивек Ранадив, кој пак со воодушевување ги проследи потезите на некои од идните ѕвезди на светската кошарка.

„Ова е проект кој НБА лигата го организира ширум светот и им дава можност на младите кошаркари да го покажат својот талент. Им даваат шанса, ако успеат, ако стигнат до НБА, да знаат што ги очекува. Тоа е програма кој почна уште во 2001 година.
Имавме граѓанска војна во Југославија, доста проблеми, па така некои играчи од регионот имаа идеја да основаат камп и да ги обединат луѓето. Стапивме во контак со НБА, и одржавме камп во Тревизо, во Италија Благодарени на кампот 'Кошарка без граници', голем број на кошаркари заиграа во НБА лигата"- истакна Дивац.

Некогашниот НБА играч, додава и тоа дека е многу горд на проектот кој го започнаа со Тони Кукоч, затоа што на младите играчи им дава шанса да го откријат својот талент, да му покажат на светот дека постојат, и да добијат прилика да го унапредат своето знаење.

"Во кошарката скоро се е поврзано исклучиво со спортот. Луѓето не мораат да бидат поделени религиски или според потеклот. Оваа програма испраќа убава порака – спортот ги обединува луѓето во целиот свет, а сега е нивниот ред" – заклучува легендарниот центар.

Гости на овој камп во Белград, кој доживеа огромна посетеност во изминатите десетина дена, беа и Никола Јокиќ, Бобан Марјановиќ, Никола Вучевиќ, Предраг Дробњак, Радослав Нестеровиќ, Бено Удрих, Боштјан Нахбар, Александар Павловиќ, Гордан Гиричек, Дино Раѓа, Владимир Радмановиќ, Шарунас Марчуљонис, Артурас Карнишовас, Далибор Багариќ, Душан Ивковиќ, Грег Попович, Богдан Богдановиќ, Немања Бјелица, а домаќин на кампот покрај НБА и ФИБА беше Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Најново во Кошарка