Џеј-Ар Смит со интересна констатација за очајот на Кавси

Дали Кливленд намерно ги губи натпреварите?

„Целта по се изгледа е да се загубат што повеќе средби и да се добијат пикови за драфтот. Мене така ми изгледа овој план", вели искусниот кошаркар.

објавено: 20 ноември 2018 - 21:45

Екипата на Кливленд Кавалирс оваа година игра лошо до непрепознатливост во НБА лигата. Од почетокот на сезоната, минатогодишниот вицешампион има самод ве победи на 15 одиграни средби и е убедливо последен во Источната конференција.

Еден од кошаркарите на тимот, Џеј-Ар Смит, излезе со интересно тврдење во медиумите за состојбата во тимот и причината поради која Кавси играат очајно. 

„Мислам дека целта на тимот не е да победува. Целта по се изгледа е да се загубат што повеќе средби и да се добијат пикови за драфтот. Мене така ми изгледа овој план“, вели Смит.

Тој додал дека ако тимот не сака да победува, тој е подготвен да си оди и наскоро ќе побара трејд. 33-годишниот Смит оваа сезона има слаба минутажа и просек од само 6,7 поени по меч.

Најново во Кошарка