ЕВРОПА ПОВТОРНО ИМА ДОБРА ШАНСА ЗА ПРВ ПИК

Дали Дончиќ ќе ги надмине Барњани или Миличиќ?

Ноќеска, (во еден часот), во „Барклис Центарот" во Бруклин ќе биде одржан драфт-изборот во НБА лигата, а како прв ќе бира тимот на Феникс... Кого ќе одберат Санс, дали може тоа да биде словенечката сензација?

објавено: 21 јуни 2018 - 22:30

Покрај Лука Дончиќ, кој според сите прогнози би требало да биде меѓу првите ТОП 5 пика на најголемата кошаркарска берза за млади играчи во светот, од регионот ќе се појават уште и Србинот Душан Ристиќ, босанските интернационалци Џанан Муса и Ајдин Пенава, како и Хрватот Филип Заграјски, додека пак играчите родени 1996 година во рамките на она „излезното" и автоматски се пријавени за драфтот.

На неколку часа пред драфтот, поголем дел од НБА аналитичарите се сложија дека прв пик ќе биде 19.годишниот центар на Аризона, Диандре Ејтон.

Дека од втората позиција Сакраменто би можел да го земе Марвин Бегли од Дјук, Џаред Џексон (Мичиген), би можел да заврши во Атланта, додека наводно, Дончиќ е најблиску до Мемфис, кој бира како четвртти.


Инаку, најдобриот пик од регионот на просторите на поранешната држава и понатаму е Србинот Дарко Миличиќ, кого во 2003 година Детроит Пистонс го одбра како втор пик на драфтот, зад Леброн Џејмс, а пред играчи како Кармело Ентони, Крис Бош, Двејн Вејд...
Покрај некогашниот српски репрезентативец, само уште 11. европски кошаркари можат да се пофалат дека биле меѓу првите пет пика на драфтот.
Уште поинтересно е дека од воведувањето на драфт-изборот во 1947 година, само десет кошаркари надвор од границите на САД се избрани од првата позиција
Бариерата ја проби Макл Томпсон од Бахамите кој во 1978 година беше прв избор на портланд. Шест години подоцна, легендарниот Нигериец Хаким Олајџувон стигна во Хјустон, а следниот топ-пик беше неговиот сонародник Мајкл Оловоканди, кој во 1998 година заврши кај ЛА Клиперс.
Во овој 21. век од првата позиција биле драфтувани седум кошаркари.
Во 2002 година, Хјустон го избра Кинезот Јао-Минг, Австралиецот со хрватско потекло, Ендрју Богут во 2005 година беше прв пик на Милвоки Бакс, а следната година, од највисоката позиција Торонто го одбра Италијанецот Андреа Барњани.

Тоа е првиот, и засега останува единствениот Европеец кој бил топ пик на најголемата берза за кошаркари во светот.
Во две години (2013 и 2014 година), Кливленд од првата позиција ги собра Канаѓаните Ентони Бенет и Ендрју Вигинс. Следната година пак Минесота се реши за Карл Ентони Таунс, Доминиканец роден во САД, а Бен Симонс во 2016 година, стана вториот Австралиец по Богут, кој бил прв пик на драфтот.
Пред да ја видиме ноќешната разврска на изборот во Бруклин, еве ги досегашните најдобри европски пикови на драфтот.
1998: Рик Смитс (Холандија) – Индијана – 2. пик
2001:Пау Гасол (Шпанија) - Атланта – 3. пик
2002: Николос Скитишвили (Грузија) – Денвер – 5. пик
2003: Дарко Миличиќ (Србија) – Детроит – 2. пик
2004: Бен Гордон (В. Британија) – Чикаго – 3. пик
2006: Андреа Барњани (Италија – Торонто – 1. пик
2009: Рики Рубио (Шпанија) – Минесота – 5. пик
2011: Енес Кантер (Турција) – Јута – 3. пик
2011: Јонас Валанчунас (Литванија) – Торонто – 5. пик
2013: Алекс Лен (Украина) – Феникс – 5. пик
2014: Кристапс Порзингис (Летонија) - Њујорк – 4. пик
2015: Марио Хезоња (Хрватска) – Орландо – 5. пик
2016: Драган Бендер (Хрватска) – Феникс – 4. пик

 

Најново во Кошарка