ДОЈДЕ НАГРАДАТА ЗА ДОБРИТЕ ИГРИ НА МАВЕРИКС

Далас до 70 поени на полувреме – Дончиќ 23 за победа (ВИДЕО)

Тимот од Тексас стигна до третата победа во сезоната откако на свој терен го совладаа Вашингтон Визардс со (119:100)...

објавено: 7 ноември 2018 - 08:30

Пресуди сјајната игра на Мавси во првото полувреме во кое реализираа дури 70.поени. А до победата ги предводеше Лука Дончиќ кој за 33.минути на теренот уфрли 23.поени, со шест скока и три асистенции

Весли Метјуз го заврши овој меч со 22.поенио, Денис Смит имаше 19, исто како и Херисон Барнс кој притоа додаде и 13. скока.

Кај Вашингтон, Џон Вол уфрли 24.поенио, Бредли Бил и Ото Портер го следеа со по 19.
Портланд продолжува со се подобрите игри и победите. Во дуелот со Милвоки Бакс, „пионерите" стигнаа до осмата победа (118:103).
За само вториот пораз на Бакс во досегашниот дел од сезоната во НБА, најзаслужни се Си-Џеј МекКалум со дури 40.реализации од тоа пет тројки.

Демиан Лилард постигна 13.поени, Јусуф Нуркиќ 12.поени, осум скока и шест асистенции.

Кај Милвоки 23 поени дојдоа од Адетокумпо, а по 22 од Мидлтон и Лопз.
Кемба Вокер имаше 29.поени и седум асистенции во победата на Шарлот против Атланта (113:102). На другата страна најдобар пак беше Тре Јанс со 18.поени и десет успешни додавања.
Феникс Санс го доживеаја и осмиот пораз во десет одиграни натпревари од почетокот на сезоната. Подобри од нив овојпат беа кошаркарите на Бруклин Нетс со (104:82).
Карис Леверт го предводеше победничкиот тим со 26.поени, додека кај Санс најдобар поединец беше Девин Букер со 20.поени, додека „рукито" број 1, Диандре Ејтон заврши со двоен ефект од 15.поени и 13. скока.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Атланта 113:102
Далас – Вашингтон 119:100
Феникс – Бруклин 82:104
Портланд – Милвоки 118:103




Најново во Кошарка